Поранешниот државен секретар Дијана Хркаловиќ во голема исповед за весникот „Објектив“ проговори за односот со поранешниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Таа директно го обвини дека го прислушкувал претседателот Вучиќ и оти соработувал со кланот на Веља невоља.
Кланот на Беливук го штитеше лично Небојша Стефановиќ. Го штитеше додека за тоа не дозна претседателот Вучиќ и додека не ги „помножи сите со нула“. Само Беливук во изјавата не го спомна Стефановиќ. .Не можам да поднесам некој, особено семејствата на жртвите, да мисли дека имам некаква врска со овие монструозни дела. Ме боли неискажливо-се отвори Хркаловиќ.
Таа тврди дека не го познава Веља невоља.
Не го знам Беливук.Јас го презирам тој човек, ни помалку ни повеќе отколку што ме презира мене. Имаше и приказни дека сака да ме убие.Мојот презир кон него трае во последните шест години. Во ноември 2019 година беше убиен мојот пријател, водачот на навивачите на Партизан, Киќа Марковиќ. Тогаш добив целосен нервен слом. Никој жив нема да ме убеди дека Беливук не го организирал тоа убиство.
За прислушкувањето на Вучиќ
Небојша Стефановиќ имаше неовластен увид во содржината на телефонската комуникација меѓу претседателот Александар Вучиќ и членовите на неговото семејство. Зад грб читаше транскрипти од неговите разговори, надвор од знаењето на претседателот. Тој побара да му бидат доставени овие транскрипти. Тој не ја презеде контраразузнавачката заштита на претседателот, ниту ја известил БИА дека ќе преземат мерки. Таму каде што има прислушување и читање туѓи комуникации неовластено, има се.Не знам како тој човек не се срами. Има ли образ, чест? Претседателот го создаде, Стефановиќ не постоеше на политичката карта. Му должи се што има во животот. И да му направи нешто вакво? Нема посрамен чин од тоа. Претседателот има многу големо срце и лесно им простува на луѓето. И тогаш некои мислат дека неговата добрина може да се злоупотреби. Мислам дека моќта на Стефановиќ навистина му удри од глава. Глад за пари, љубомора, суета, комплекс на инфериорност. Знам дека претседателот многу простува, но ова е непростливо. Нема оправдување за ова и ова не заслужува прошка. Го гледав неодамнешното гостување на Стефановиќ на една телевизија. Знаеш што видов во неговите очи? Зло. Суво, неизвалкано зло-оценува Хркаловиќ.
Comments are closed for this post.