Во Србија има недостик на шекер. Во речиси сите продавници рафтовите се празни од овој основен продукт. Во тоа се увери и екипата на „Pressing TV“ која беше во Врање и забележа дека не може да се најде никаде, дури ни во маркетите на „Лидл“.
Српските власти веднаш објаснија дека ова е вештачки предизвикано за да да се создаде криза и страв кај граѓаните.
Било забележано дека некои луѓе купуваат по стотина кила шекер и затоа го снема за неколку денови.
Потоа истиот шекер го продавале по двојно повисока цена. Затоа српската влада најави ќе интервенираат од стоковите резерви и оти ќе ја замрзнат цената на 89 динари (45 денари)
Comments are closed for this post.