Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ упати честитка до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и до Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, откако денеска Патријархот Порфириј објави дека Соборот на СПЦ прифаќа и признава автокефалност на МПЦ-ОА.
Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија. Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи. Да продолжиме да чекориме обединето, напиша Мицкоски на фејсбук во честитката.
Мицкоски ја честита мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови.
После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија! Нека е за многу години!, објави Мицкоски.
Comments are closed for this post.