Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Северна Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.
– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој.
Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.
Comments are closed for this post.