Политичката партија Левица денеска преку објава на својaта Facebook страна соопшти дека му поднела кривична пријава на Љупчо Ѓорѓиевски, претседател на КЦ „Иван Михајлов“- Битола.

Во пријавата на партијата се вели:

-Пријавениот се терети дека извршил стек на кривичните дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ бидејќи:- најпрво, во својство на овастено лице – претседател на здружението, умислено во просториите кои ги користи здружението во јасно воочлив голем формат дозволил да биде истакнат цитат од Ванчо (Иван) Михајлов, со навредлив јазик кој директно, намерно и недозволиво, а со цел провокација се врши негирање и излагање на подбив на македонскиот народ;- преку дискриминаторската содржина на објавен фејсбук статус, пријавениот предизвикал разгорување чувство на омраза и нетрпеливост, директно навредувајќи го и омаловажувајќи го македонскиот народ и држава, преку задавање континуитетски граници на постоење на македонскиот народ од 1945 година, па навака, а занемарувајќи го неговото вековно постоење пред тоа.

Во соопштението се додава дека дејството на пријавениот e „целосно свесно и со зла намера да се разгори чувство на омраза и нетрпеливост преку негирање и излагање на подбив на македонскиот народ“.