Новиот формат на Лигата на шампионите ќе се игра по таканаречениот „швајцарски систем“, а иако беше најавено дека секој тим ќе одигра по 10 натпревари (пет дома и пет на гости), беше одлучено секој клуб да игра осум натпревари.
Од сезоната 2024/2025 во Лигата на шампионите ќе играат 36 наместо 32 клуба, а место погоре во Лигата на шампионите ќе добие петтата земја на ранг листата на УЕФА. Битката за ова место ја водат Франција и Португалија.
Второто дополнително место ќе се добие преку „шампионската патека“ на квалификациите. Наместо четири, од 2024 година, пет екипи ќе изборат место во елитното натпреварување.
Уште две дополнителни места ќе добијат најсилните лиги во Европа, односно два клуба кои според коефициентите од претходната сезона би играле во Лигата на шампионите, а во текот на првенството не избориле пласман во Лигата на шампионите.
„УЕФА денеска покажа дека е посветена на основните вредности на спортот и дека нејзината цел е да ги направи натпреварите достапни за сите. Денешните заклучоци дојдоа откако ги слушнавме сите идеи на навивачите, играчите, тренерите, федерациите, клубовите и лигите и се обидовме да го најдеме најдоброто решение за развој на европскиот фудбал“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин
Тој додаде:
„Мило ми е што одлуката е едногласна од сите страни. Ова е уште еден доказ дека европскиот фудбал е обединет како никогаш досега. Квалификациите за Лигата на шампионите ќе се одржат на терен и секој клуб ќе има шанса да го исполни својот сон.
Кој е швајцарскиот модел?
Швајцарскиот модел на Лигата на шампионите значи дека секој од 36-те клубови ќе одигра загарантирани осум натпревари против различни противници, а групната фаза ќе биде елиминирана.
Од тие осум натпревари, секоја екипа ќе одигра четири натпревари на домашен терен и четири на гостински терен, а по дуелите екипите ќе бидат рангирани по бројот на бодови од 1. до 36. место.
Осумте најдобри клубови одат директно во осминафиналето, додека останатите осум учесници ќе се бараат по плеј-офот на екипите кои остварија пласман од 9. до 24. место.
Comments are closed for this post.