Само за неколку дена Бугарија ја смени плочата околу најавеното чествување на 119-годишнината од погибијата на македонскиот револуционер и симбол на македонската државност Гоце Делчев! И тоа барем медиумски и пропагандно! Зашто, од првичната најава, па до сега, во еден сегмент Бугарија пред домашната, нашата и меѓународната јавност ликот и делото на Делчев го користи од максималистичката наци-шовинистичка до европска, добрососедска позиција!
Така, Бугарската академија на науките се најде во улога да го штити, релативизира, па и возвишува претседателот на државата Румен Радев, кој како најголем политички „јастреб“ и новокомпонирано мало бугарско наци-шовинистичко путинче во најавата на чествувањето до крајни граници го понижи македонскиот народ и држава!
-На 4 мај ќе одбележиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во неговса чест е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари, напиша Радев, меѓу другото, во најавата.
Покрај формулацијата „апостол на на слободата на македонските Бугари“, со која целосно се негира постоењето на македонскиот народ и значењето на Делчев за него, сите други објаснувања поврзани за добрососедството паднаа во вода и целосно го изгубија своето значење.
Најавата на БАН, пак, за истиот настан е драстично поумерена. И што е поважно, не ја содржи формулацијата „апостол на слободата на македонските Бугари“.
-На 4 мај во Националната палата на културата, претседателот Румен Радев ќе учествува на Националната конференција „Европската перспектива за добрососедство меѓу Република Бугарија и Република С.Македонија“. Форумот ќе се одржи под покровителство на шефот на државата на денот на кој се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев. Конференцијата е во организација на Инситутот за историски истражувања при БАН и Македонскиот научен институт.
Во најавата натаму стои дека откако претседателот Радев ќе го отвори форумот, ќе се одржи трибина на тема „Гоце Делчев и заедничката историја на Република Бугарија и Република С.Македонија-меѓу фактите и идеологија“. Ќе се дебатира и на теми како „Состојба и перспективи за добрососедски односи: европска зрелост на РСМ“ и „100 години организирано движење на македонските Бугари во светот“. Од Центарот за култура „Иван Михајлов-Битола“ претставник ќе биде Георги Црномаров.
Но, и вака ублажената формулација и најава на БАН не може да го избрише впечатокот дека целата манифестација ќе биде уште една отворена бугарска наци-шовинистичка негација на македонизмот, на Македонците, на Македонија и на значењето на Делчев за сите нив и поединечно и групно.
А, ова нема ништо заедничко ни со добрососедство, ни со некакви европски вредности.
Comments are closed for this post.