Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта.

Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг.

Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата.

За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино.