Средба Ковачевски-Вархеји: Сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија

27.04.2022 / 13:55


Премиерот Димитар Ковачевски и заменик премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаа средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

Кабинетот на Ковачевски соопшти дека на средбата заеднички е констатирано дека европските интеграции на С.Македонија и на регионот се потреба на државите во регионот, но и на самата Европска унија.

Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, бидејќи во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, се наведува во соопштението.

Ковачевски рекол дека тој останува посветен на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на почит и достоинство, и дека очекува дијалог со Бугарија врз основа на такви принципи.

-Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на ЕУ, со што уште еднаш покажа дека е достоен партнер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, рекол премиерот.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, а ставот на бугарската страна е поинаков поради егзибициите на претходната влада

пред 3 часа
Македонија

Сега јасно ви е со кого си имаме работа? Бугарски портали роварат низ Македонија

пред 4 часа
Македонија

Mицкоски повтори дека уставни измени какви што бара Бугарија нема да има

пред 8 часа
Македонија

Mицкоски: Не треба да се шири хистерија за Гостивар

пред 8 часа
Македонија

Кога опозицијата ќе ја замени политиката со хистерија

пред 1 ден
Македонија

Бугарски портали шират пропаганда во Македонија, полицијата и Обвинителството ги истражуваат

пред 1 ден
Македонија

Дали војската и полицијата треба да ги обезбедуваат водоводите во Македонија?

пред 1 ден
Македонија

Тошковски потврди: Водата во Гостивар е безбедна, засега само за техничка употреба

пред 1 ден
Македонија

Водата во Гостивар смее да се употребува како техничка

пред 1 ден
Македонија

До Нова година ќе се возиме по клучката кај Момин Поток

пред 2 дена
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetgrandpashabetjojobetcasibomJojobetcasibomjojobetMadridbetjojobetcratosroyalbetcasibomgrandpashabetgrandpashabetiptv satın albetciocasibom