Хрватските медиуми се упорни да се дознае вистината за убиството на ракометарот Денис Тот пред клубот „Привилиџ“ во Градскиот парк.
„Јутарњи лист“ објавува информации за можните сопственици за дискотеката. Се споменува името на извезен Цветко Дичевски со прекар Цвеле Привилиџ“ кој наводно има досие за обид за убиство од 2013 година и кој по последниот настан го избришал Фејсбук профилот.
„Јутарњи“ забележува дека е тешко да се дознае кои се вистинските газди на дискотеката која ја нарекуваат „народњачки“ клуб.
Хаос и беззаконие е описот на „Јутарњи“ за ноќните клубови во Скопје.
Мафијата историски отсекогаш се обидувала да го контролира ноќниот живот до одреден степен затоа што им нуди многу придобивки: од нелегалниот пазар на дрога до голем број креативни начини за перење валкани пари-пишува „Јутарњи“.
Comments are closed for this post.