Такви шпекулации се прават од политички профитери, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети запрашан дали со коалициониот партнер СДСМ ги договориле резултатите од Попис 2021.
Тој во интервју за РТВ 21 беше прашан, односно му беше посочено дека има шпекулации дека неговата партија и СДСМ се договориле за резултатите од пописот, односно за бројките, колку ќе бидат Македонци, колку Албанци итн.
На ова Ахмети одговори дека „тезата е смешна и не е вредна за дискусија“.
Comments are closed for this post.