Њукасл размислува во летниот преоден рок да се обиде да го ангажира бразилскиот фудбалер Нејмар. Богатите газди на Њукасл ќе се обидат со 240 милиони евра да го доведат еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
ПСЖ e спонзориран од државата Катар, кој не ја „мириса“ Саудиска Арабија. Дали првиот човек на клубот од Париз, Насер Ал Хелаифи ќе го продаде Мохамед бин Салман еден од неговите највредни фудбалери? Тешко. Барем така функционира сега. Но летото е далеку, а парите можат се, особено во современиот свет без морал, со многу спин и валкана пропаганда
Ако тоа се оствари, тоа ќе биде рекорден трансфер. На лето 2017 година, Нејмар за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. На сопствениците на ПСЖ, платата од 595.000 евра неделно нема да биде проблем. Нејмар оваа сезона има само пет гола во 20 натпревари
Comments are closed for this post.