Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.
Како причина за одбивањето, Зеленски изјави дека официјален Минск бил соучесник во руската инвазија.
Украинскиот поретседател, сепак, ја остава вратата отворена за преговори, но на други локации.
Претходно, официјален Кремљ соопшти дека неговата делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.
Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Comments are closed for this post.