И покрај сите проблеми, сепак, Општина Ѓорче Петров продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнива ветувањата коишто се дадени пред граѓаните, истакна при денешната посета на општината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа, рече Мицкоски.
Според лидерот на опозицијата, сето тоа коешто денес претставува напад, сето тоа што претставува непринципиелен напад, тие со насмевка мора да го прифатат и истовремено да одбијат на невистините, коишто доаѓаат од нивниот политички противник СДСМ.
-А, она коешто исто така е важно е во периодот којшто следи и покрај сите предизвици да продолжиме да работиме, да го испорачаме тоа што сме го ветиле кај граѓаните, но и да испорачаме повеќе од тоа што сме го ветиле на граѓаните. Затоа што мора да покажеме дека не се сите исти и дека ние сме различни, затоа што ни претстојат предвремени парламентарни избори кога граѓаните треба да ја дадат довербата на тој на кој што тие мислат. А, ние цениме дека сме многу покункерентни и многу покомпетитивни, и луѓе коишто држат до зборот и тоа што го ветуваат и го испорачуваат, нагласи тој.
Според Мицкоски, срамот ќе си остане кај тие што денеска се гласни, а треба да молчат.
-А, ние ќе продолжиме да работиме, колку пониско тие удираат, толку повидсоко ние ќе се креваме, заврши Мицкоски.
Comments are closed for this post.