ВМРО-ДПМНЕ преку собраниска процедура бара зголемување на пензиите за 20% и усогласување на платите согласно коефициентот на тежина на работните места.
ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе законско решение за зголемување на пензиите во висина од 20%. Со тоа цениме дека на примателите на пензија ќе им се помогне во периодот на криза, а нивните примања ќе бидат во склад со покачените трошоци за живот. Дополнително предлагаме и усогласување на платите со минималната плата и коефициентот на тежина на работните места во јавниот сектор, решение кое го нудиме со амандман на Законот за минимална плата. Со тоа наставниците во основните и средните училишта ќе земаат плата од 45 илјади денари, велат од партијата.
Големата криза која е предизвикана од страна на СДСМ може да се преброди само со општ пораст на платите и пензиите. Така ќе се анулираат штетите предизвикани со кризата и ќе се зачува реалната вредност на примањата“.
Comments are closed for this post.