Во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, се осврна на амандманската интервенција за минималната плата и Пржинската Влада.
Василевска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен и конзистентен став кој се однесува на подобрувањето на стандардот на живеење на сите македонски граѓани и интересот на граѓаните е над сите други интереси.
Евидентно е дека ние како ВМРО-ДПМНЕ нема што да тактизираме во поглед на прашањето за дефинирање на минималната плата. Сметаме дека тоа треба да биде рационално и да не предизвика друга штета кој би ја осетиле македонските граѓани на кои навистина им треба подобар живот а не ветер и магла – посочи Василевска.
Таа додаде дека не гледа никаква промена во тимот на оваа Влада којашто би извршила некакво влијание во општеството, промени или проактивност, туку има најгруб, најнизок меѓупартиски договор којшто нема врска со владината програма или со зацртаните цели.
Василевска се осврна и на собраниската седница на која не беше укината Пржинската Влада и додаде дека тоа е поради немањето соодветна контрола на СДСМ врз сегментите во кои учествуваат во изборниот процес.
Првенствено СДСМ ги знае сите бенефити за манипулација и контрола за подготовката и за време на спроведувањето на изборниот процес. Анксиозноста од немањето соодветна контрола или свесноста дека и тие самите не ги контролираат сегментите во кои учествуваат во самиот изборен процес е стравот од кои бега СДСМ од укинување на Пржинската Влада – истакна Василевска.
Во однос на Декларацијата за Гоце Делчев, Василевска истакна дека СДСМ воопшто не се ни обиделе ниту да ја прочитаат, додека ВМРО-ДПМНЕ со Декларацијата им нуди на сите политички партии да застанат зад декларацијата и да направат сериозно, достоинствено чествување на ликот и делото на Гоце Делчев.
Немањето баланс во однос на правата, должностите и внесувањето на прашањето за ревидирање на историјата помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, создаде проблем којшто континуирано се градеше во бугарската политичка номенклатура. Во меѓувреме, пак, ние тука влеговме многу слепо и клиентелистички поставени – посочи Василевска.
Comments are closed for this post.