Водачот на озлогласениот клан планирал неговата викендица кај Лозница да биде скривалиште, но од извор од полицијата ја дознал локацијата
„Куќата на Дедо Мраз“ во Тршиќ кај Лозница, која истражителите ја пребаруваа со денови по апсењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во февруари минатата година, требаше да биде тајно скривалиште.
Беливук пред апсењето престојувал со сопругата Бојана и децата во куќа во Тршиќ, а храна, вода и се друго што им било потребно им донела брачна двојка од Лозница, осомничените Владо Георгиев и Слаѓана Секулиќ. Беливук и неговото семејство последната Нова година ја дочекале на слобода во таа куќа и таму се чекирала на Фејсбук што бил прв сигнал за полицијата.
Куќата во Тршиќ, која е оддалечена и не е лесно достапна, Георгиев и неговата сопруга за кратко време целосно ја реновирале од под до плафон, ангажирале работници за поставување на најсовремен видео надзор, како и за набавка на мебел. Повремено, додека се подготвувала куќата, на гости доаѓале Беливук со сопругата Бојана.
Comments are closed for this post.