Бугарскиот културен клуб-Скопје ја поддржува средбата меѓу премиерите на Бугарија и С.Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски, и го поздравува новиот приод на бугарскиот премиер со надеж дека односите меѓу двете држави влегуваат во фаза на конструктивна соработка.
Ова се вели во соопштението на БККС доставено до бугарските медиуми. Од БККС изразуваат надеж дека двајцата премиери треба да најдат решение за трајно и неповратно зближување и пријателство меѓу братските општества на двете држави, со помош на мерливи и видливи резултати во полза на нивните граѓани.
Историски неосновано и политички неоправдано е да се одвојуваат или спротивставуваат поимите „Бугарин“ и „Македонец“, што е резултат на туѓи доктрини, посочуваат од Клубот. Според нив, вклучуваето на македонските Бугари во Уставот на државата, без потребната јасност за заедничката историја и културно-историското наследство со граѓаните на РСМ, кои се самоопределуваат како Македонци, би донело повеќе штета, отколку полза и би ја девалвирала соодветната клаузула во Договорот.
-Нашиот статус би се свел на тој на Бугарите во Србија, кои се признати за малцинство, но немаат слични заеднички корени, културни традиции и јазик со српското население, се вели во соопштението.
Најдобро решение за сите би било ако Преамбулата на Уставот на РСМ декларира дека таа е држава на сите нејзини граѓани, без да набројува никакви теноси, предлагаат од БККС. Според нив, тоа би било во хармонија со граѓанскиот концепт, кој доминира во целата содржина на Уставот, и би гарантирала еднакви права на сите етнички заедници, без погрешни толкувања за супериорност или дискриминација според етничката припадност. Во случај да се донесе одлука за ставање на „дел од…бугарскиот народ“, заедно со „македонскиот народ“ во постоечката Преамбула, неизбежно треба да се спомене и нивната заедничка историја, дефинирана со Договорот, дополнуваат од Клубот.
Во светлина на нерешениот спор меѓу Белград и Приштина, дестабилизацијата во БиХ, како и на заострувањето на конфилтот НАТО-Русија, во национален интерес на двете држави е можно најбрзото и трајно решение на спорот и давање зелено светло за предпристапните преговори на РСМ и Албанија со ЕУ. На тој начин, најпосле би се изградил за сите нас стратешкиот Коридор 8 и би се прекинале сите обиди за прекројување на границите на Блканот се посочува уште во соопштението на Бугарскиот културен клуб-Скопје.
Comments are closed for this post.