Јанис Антетокумпо оствари трипл-дабл учинок од 26 поени, 15 скокови и 11 асистенции со што го предводеше својот Милвоки бакс до лесна и убедлива победа против Сакраменто кингс со 144-109. За да дојде до таков ефект на Антетокумпо му беа доволни 30 минути поминати на теренот.

Единствен период од средбата кога кошаркарите на Сакраменто беа во игра беше првиот дел од првата четвртина, се додека Милвоки не направи серија од 18-1 за да ја заврши четвртината со резултат 39-30. Таа предност се зголеми на 72-50 на полувреме, а по три четвртини веќе беше 108-82.

За кошаркарите на Милвоки, главно оружје за да дојдат до победата беше шутот за три поени. Тие мечот го завршика со 22 погодени „тројки“ со што за три го подобрија клупскиот рекорд во оваа статистичка категорија.

За Милвоки ова беше осма победа во деветтиот одигран натпревар, со што се задржаа при врвот на Источната конференција, веднаш зад лидерот Торонто рапторс.

Резултати од синоќешните натпревари:

Милвоки – Сакраменто  144-109

Сан Антонио – Орландо  110-117

Њу Џерси – Филаделфија  122-97

Вашингтон – Њујорк  108-95

ЛА Лејкерс – Торонто  107-121

Портланд – Минесота 111-81

Феникс – Мемфис  102-100