Два авиона се судриле во воздух во близина на главниот град на Канада, Отава, јавуваат канадските медиуми.
По судирот, помалиот од авионите се срушил во полето во близина, додека другиот, поголем авион бил пренасочен кон меѓународниот аеродром во Отава, каде што успеал безбедно да слета.
Едно лице што се наоѓало во авионот што се срушил, го загубило животот, додека сите присутни во авионот што слетал минале без повреди, соопштија полициски извори.
Confirmation from @OttawaParamedic man has died following crash – witnesses say 82 year old man who was in the plane that crashed was a recreational pilot who didn’t rarely travelled very far from the @CarpAirport @ctvottawa pic.twitter.com/a8l0AEnAk8
— Mike Arsalides (@MArsalidesCTV) November 4, 2018
Сударот се случил над градот Карп, што е оддалечен триесетина километри од Отава.
Comments are closed for this post.