Во овошјето кое во Црна Гора пристигнало од Еквадор, а кое било во просториите на фирмата „Воли“, сопственост на Драган Бокан, откриено е големо количество наркотици.
Речиси половина тон кокаин скриен во кутии со банани кои пристигнале во Црна Гора од Еквадор е запленет во вторник во магацинот на компанијата „Воли“ во Зета. Според црногорските медиуми, засега никој не е уапсен, а сопственик на магацинот е бизнисменот Драган Бокан, инаку близок на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговата ДПС.
Бокан, кој според медиумите важи за еден од највлијателните бизнисмени во соседната земја, е и сопственик на КК Будуќност.
„Српски Телеграф“ пак пишува дека контроверзниот Бокан дрогата ја шверцувал за кланотна Веља невоља.
Comments are closed for this post.