Скопјани денеска се разбудија со топли радијатори но и со страв и неизвесност што ќе донесе утрешниот ден откако БЕГ најви дека од утре нема да може да испорачува топлинска енергија. Компанијата побара Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

Претходно граѓаните добија покачување на сметките за парно за 14 проценти. Владата се обиде  одговорноста да ја префрли кон Градот Скопје, кој нема никакви законски ингеренции да финансира приватни компании. Таква законска можност во Македонија има само Владата.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, изјави дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.