За само една година споредно декември 2020 година, со декември 2021 година, цените на храната се драстично зголемени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, цената на лебот сега е за 9.3% поскапа од минатата година. Исто ниво на покачување има и кај шеќерот чија цена скокнала 9.3%. Најголемо покачување имаме кај маслото за јадење, кое за една година поскапи за 25.1%.

Во услови кога владата е неспособна растат и цените на овошјето и месото, кои доаѓаат од увоз, а тоа произведено од нашите земјоделци скапува по нивите. За една година цената на овошјето и зеленчукот е зголемена за 6.5%, додека цената на месото е поголема за 5.7%. Маслото за јадење, месото, лебот, шеќерот и овошјето и зеленчукот се основни намирници, кои секое домаќинство ги користи, кога цените на овие производи растат погоден е секој еден човек. Инфлацијата предизвикана од СДСМ веќе се осеќа. Народот може да купи се помалку со неговите примања. Потребни се итни мерки и промени. Потребни се брзи предвремени избори, и нова влада која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ, за работите да почнат да се менуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.