Жителите на Нова Каледонија одбраа да останат Французи,изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по објавувањето на прелиминарните резултати од референдумот за независност на Нова Каледонија од Франција.
Излезноста е 57 проценти, а од нив 80 насто гласале против.
Нова Каледонија е високо автономна област која од Франција добива субвенции од 1,3 милијарди евра годишно.
Нова Каледонија е француска прекуморска територија во Тихиот Океан. Островите кои ја сочинуваат Нова Каледонија се наоѓаат во Јужниот Пацифик.
Comments are closed for this post.