Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27.12.2021 година.
-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.
Од 4.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,210 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 % .
Comments are closed for this post.