Вакцинацијата против сезонски грип почнува утре во сите Центри за јавно здравје во земјава, соопшти министерот Венко Филипче. Обезбедени се 41.000 дози вакцини, а за првпат годинава, министерството набавило 28.000 дози на бесплатна вакцина за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари и за оние што немаат пензија.
Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија ‘Санофи Пастер’. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик“, истакна Филиипче.
Сите останати ќе можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Набавени се 13.000 дози, а цената за нив е 650 денари.
Comments are closed for this post.