Со исполнување на бугарските барања, тие исполнуваат вековен идеал, а ние стануваме жртва, вели за „Што не е јасно“ на Алфа, новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски кој потенцира се што се случуваше досега отвора голем сомнеж дека ќе се прифатат клучните бугарски барања, што ќе биде еднакво на капитулација за Македонија.
– Спорот помеѓу Македонија и Бугарија е стар еден век, можеби и повеќе. Сега тој спор да кажеш дека ќе го решиш за 6 дена а седмиот ќе одмараш, тоа е илузија и надвор од здрав разум, единствено ако тие дадени одговори не претставуваат отворена капитулација и прифаќање на сите барања како што се дека како народ постоиме од 1944 година и дека македонскиот јазик е западен дијалект на бугарскиот, рече Димитровски коментирајќи ја и изјавата вицепремиерот Артан Груби за брзо решение на спорот.
Според него дека нешто се подготвува во спорот и се работи на прифаќање на условите говори фактот дека не се информирани политичките партии ниту јавноста
– Власта треба да ги информира најголемите политички субјекти во државата. не може ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозиција да не биде информирана за ништо. Колку тоа ќе допре со јавноста, стручната и експертска јавност за да продискутира за проблемот и што е прифатливо. Но, штом нема средба од Пендаровски за одговорите што ги имаат испратено во Софија, нешто се подготвува, рече Димитровски.
Тој додаде дека Бугарија сака да ги кочи сите процеси за Македонија и проблемот станува регионален.
– Прво тоа го направи Борисов со барањата за спроведување на договорот, а Радев само се надоврзува на тоа. Свикувањето на нивниот национален совет за безбедност, сакаат да му дадат димензија на безбедносна опасност во односите со Македонија, изјави Димитровски.
Comments are closed for this post.