Со измените на Законот за здравствена заштита сакаат на приватен оператор, близок до семејството Заеви кои ангажираа дел од своите вработени да се претставуваат наводно како незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ пред нешто повеќе од една година и да протестираат против актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е една омилена куќа за обезбедување на власта присутна и во електроенергетските компании, присутна во сите јавни објекти и тоа им беше малку и сакаат дополнително да влезат и во здравствениот сектор, односно да обезбедат да дадат приватна услуга за брзата помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Градско, а говорејќи за актуелната тема измени на Законот за здравствена заштита со кои власта сака да приватизира неколку области во здравството, меѓу кои и Итната медицинска помош.

Според него, со ова само продолжува заевизмот.

-Продолжува криминалот, корупцијата. Оваа влада на заминување премиерот на заминување, министрите на заминување  не престануваат со скандалите и добро што е повлечен Законот, кажа Мицкоски.

Тој информираше дека понатаму ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи носење на ваков закон, бидејќи вакви измени се штетни за граѓаните.