Тимот ќе се проширува со луѓе кои се искусни и со луѓе кои се општествено активни во Македонија кои ценам дека споделуваат исти вредности – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во Македонската телевизија.
Според него капацитетот е истрошен на владеачката структура и мора да се прави нешто да се даде одговор на предизвиците и проблемите.
Тоа сега не го гледаме. Затоа цениме дека кога кај противникот капацитетот е истрошен и со вака проширен капацитет не може ништо, тогаш ние се организираме и нудиме подобри персонални решенија – вели Мицкоски.
Тој додаде дека оттука, со еден вид на проширен состав на Извршниот комитет може да понудат персонални решенија и да привлечат општествено активни ликови кои ќе бидат освежување.
Comments are closed for this post.