Горан Митров, кумашин на премиерот Зоран Заев во ист ден основал друштво за одгледување на канабис и млекарница со адреса во Сушица во општина Ново Село, објави Фактор.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека струмичкиот бизнисмен на 13 декември поднел пријава за основање на друштво за производство, трговија и услуги „Канабис ГНА“. Дејноста е одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата.

Фактор пишува дека Митров е познат како амбициозен фармер во Струмица и околината, но и по тоа што во некои медиуми веќе се пишуваше дека му е кумашин на премиерот Заев и бизнис-партнер со членови од неговото семејство.