Бугарија нема да го промени ставот за почеток на преговорите со Република Македонија за членство во Европската Унија на Република Македонија.
Ваков е ставот што за агенцијата БГНЕС го даваат од бугарскиот Министерски совет.
Оттаму појаснуваат дека „Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Република Албанија, како и на Рамковниот Став за европската перспектива Република Македонија и Албанија, усвоен од Советот на министри на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година“.
Од БГНЕС појаснуваат дека „овој став, Бугарија цврсто ќе го заземе за време на состанокот на Советот за општи работи (СО), што ќе се одржи на 14 декември 2021 година во Брисел“.
За Бугарија останува одлучувачки основниот принцип на сопствени заслуги на секој кандидат. Бугарија верува дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за таа земја самостојно и одржувањето на првата Меѓувладина конференција – е ставот на бугарската влада.
Comments are closed for this post.