Огрома 5 тонска ѕвезда вчера беше поставена на врвот на еден од симболите на Барселона, катедралата „Саграда фамилија“.

Таа ја симболизира витлеемската ѕвезда и веќе ја краси најголемата кула на катедралата, која е проектирана од познатиот каталонски архитект Антонио Гауди. Официјално, ѕвездата ќе биде осветлена на 8 декември, заедно со 800-те прозорци на новата кула.

Доизградбата на „Саграда фамилија“ беше планирано да заврши до 2026 година, но пандемијата од Ковид-19 го забави процесот и се уште не е јасно кога таа ќе биде конечно завршена.