Познато е дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја обожава српската музика, особено хитовите на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Овој пат, најдобриот кошаркар на Далас Маверикс го подигнарасположението со песните на Цеца на највисоко ниво – „Се сеќаваш  мојот убав громе“ ечеше од звучниците на една од најубавите сали во центарот на НБА Американ Ерлајнс во Далас!

За се е „виновен“ Лука, кој очигледно побарал од одговорниот да пушта музика од разглас за да му ја исполни желбата на тренингот на Маверикс, на кој беше  присутен и познатиот актер Џејми Фокс.