Пронајдено е уште едно тело во изгорениот автобус на автгопатот „Струма“. Ова го соопшти БТВ од извори од истрагата. Денеска бил извршен повторен преглед на превозното средство.
Со ова, бројот на жртвите во тешката катастрофа стануваат 45.
Вчера истражителите соопштија дека во автобусот биле откриени 44 тела, а не како што се тврдеше 45. Недостасуваше едно лице, а еден од повредените, кој сведочеше, тврдеше дека биле спасени осум лица.
Меѓутоа, од итната помош беа категорични дека во болницата „Пирогов“ превезле седум повредени лица.
Comments are closed for this post.