Автобусот на Беса Транс во кој загинаа 44 лица, меѓу кои 12 деца, не е произведен 2018 како што беше објавено. Според податоците до кои дојде Република се работи за возило Мерцедес, произведено 2007 година. Информацијата ја проверивме во Регистар на моторни воила, каде се гледа дека возилото со регистарски таблички SK 0284 BA е произведено 2007 година, марка Мерцедес Бенз, модел Тоурисмо, бела боја.

-Возилото е увезено од страна на прилепска фирма во 2020 година, веднаш потоа продадено на Беса Транс. Бил со капацитет за 49 лица, но побарано е да се регистрира за 54 патници, за што добиле дозвола. Првично, до 14 октомври 2020 година имал прилепски регистарски таблички, а од 15 октомври истото има нова регистрација SK 0284 BA – тврдат извори на Република.

Датумот кога БЕСА го регистрирала автобусот се поклопува со датумот кој Царина го посочи како прв ден кога возилото излегло преку граница.

За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува. Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници, соопштија од Царинската управа.

F