Еден од седумтемина преживеани во автобусот што изгоре во Бугарија е млад човек од Прешево кој се спасил скршил прозорец со неколку лица и скокнал од автобусот.
Српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ го посети српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој беше повреден во синоќешната несреќа што се случи на автопатот кај Софија.
Амбасадорот им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал за вниманието што му го посветиле на Сулејмани и му посака брзо закрепнување, како и што поскоро да ја напушти болницата и да се сретне со неговата свршеница, државјанка на Македонија oд Куманово, која исто така е повредена и е во иста болница.
Comments are closed for this post.