Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговараше за опасноста која и се закани на земјата со обидот за рушење на Владата.
За Османи тоа ќе беше чекор кон дестабилизација на земјата.
Tој зборуваше и за идеја „српски свет“, каде рече дека тоа не е добра идеја.
„Тоа не води кон нормализирање на односите меѓу народите на Балканот. А нормализацијата на односите е повеќе од потребна, за да целиот регион чекори заедно напред кон ЕУ“, вели Османи.
Comments are closed for this post.