Во текст со наслов “Наместо Владата, на 11-ти падна парламентарната демократија, кој знае по кој пат!”, професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова ги објаснува политичките феномени кои се случија на денот кога требаше да се гласа за недоверба на владата:
Би било демократски ЛОГИЧНО, новинарите да го бомбардираат г-динот Заев со прашањата: што стана со оставката, имате ли МНОЗИНСТВО во Собранието, зошто не го ПОКАЖЕТЕ/ДОКАЖЕТЕ, знаете ли дека сте во ЛЕГИТИМАЦИСКА КРИЗА?
Ама, кај нас, на заколнатите на „ПРОГРЕСОТ“, МЕТА на критика им е „антипрогресивниот“ лидер на опозицијата, па, односот кон него е како кон „ НЕПРИЈАТЕЛ“ на прогресот, а кон ВОДАЧОТ на „ПРОГРЕСОТ“ и кон Шеќеринска – ПРОГРЕСИВНО БЛАГ! Сте забележале ли колку се вредни прогресивциве, па уште наутро ТРЧААТ по УТРИНСКИТЕ БРИ(ФИН)ЗИ, верувајќи дека: „ кој рано рани, ДВЕ среќи граби“, оти вечерта, пак ќе ги видите кај некои ФИНИ соговорници.
Заев има богато искуство во собирањето прогресивни гласови. Во амандманската преспанска битка за секој европски глас, со помош на НЕЗАВИСНИТЕ судски сојузници, ЗАЕВ примени ИНОВАТИВНИ, СИГУРНИ, МЕТОДИ, по МЕРКА на секој од ОСУМТЕМИНА.
Затоа се ЧУДАТ неговите СОРАБОТНИЦИ зошто опозициските преговарачи за изгласување недоверба на Владата, како вовед во ново парламентрано мнозинство, не посегнале по СЛИЧНИ МЕТОДИ и ГАРАНЦИИ, туку НАИВНО верувале во БЕСАТА на потпишаните.
Слушаме инфантилни приказни за пратеници „доведени во заблуда“, небаре деца кои не знаат да бројат до 61, или да читаат кој е потпишан пред нив. Не еднаш, дури ДВАПАТИ не знаеле што потпишуваат.
Од заборав или од незнаење, дури ни НАЈЉУБОПИТНИТЕ не (се) прашуваат: Може ли ВЛАДА која има 59 пратеници зад себе, односно која нема 61 пратеник со себе, да ВЛАДЕЕ?
ЈАСНО е ДЕКА ОПОЗИЦИЈАТА ДЕМОКРАТСКИ собра 61 потпис, ама ЕДЕН од двапати потпишаните, г-динот Реџепи, не дојде на седницата, ниту информира за отсуството, како што налага Деловникот во член 30, според кој:„ пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, Е ДОЛЖЕН за тоа да го извести Претседателот на Собранието, до почетокот на седницата“, ОСВЕН, се разбира, АКО НЕ МОЖЕЛ ДА ДОЈДЕ поради VIS MAJOR.
По однесувањето на ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Собранието и изјавата на координаторот на ДУИ, јасно е дека НИВНИТЕ СРЦА биле во ТЕЛЕПАТСКА врска со г-динот Кастриот и БИЕЛЕ во ист, прогресивен, европско-американски такт, небаре МЕТРОНОМ!
Неспорно е дека броењето на присутните покажа дека во салата имаше 60 пратеници, недоволни за отворање на седницата и ИЗГЛАСУВАЊЕ НЕДОВЕРБА.
Ама, ОСНОВНОТО ПРАШАЊЕ Е : ИМА(ШЕ) ЛИ ВЛАСТА 61 ГЛАС ЗАД СЕБЕ? ВО ЧЕТВРТОКОТ – НЕМАШЕ, оти, без отсутниот г-динот Реџепи, можеше да има најмногу – 59. А, има ли мнозинство ВО МОМЕНТОВ? СЕУШТЕ НЕ, ОТИ мнозинството се докажува само во Собранието.
ЗАКЛУЧОК: Владата е НЕЛЕГИТИМНА во овој интерегнум. Во трката по РЕЛЕГИТИМИРАЊЕ, „ ВЛАДАТА“ чиј премиер даде „ ОСТАВКА“ посегна по своето главно оружје: трговијата со интереси. Сега ќе „ излегуваат“ афери, скандали, ама НЕ ЗА ВЛАДАТА, туку за ОПОЗИЦИЈАТА!
Зошто?
За да се маргинализира ОГРОМНИОТ ПОРАЗ на локалните избори со значење на РЕФЕРЕНДУМ, за премиерот.
Настанот од четврток, кога наместо Владата, падна парламентарната демократија, потсетува на 1653 год. , кога Оливер Кромвел го укина британскиот парламент. Не е за верување дека нелегитимната ВЛАДА го ОКУПИРА ПАРЛАМЕНТОТ и САМА, СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ си држеше БОЖЕМНА СОБРАНИСКА седница, без присуство на пратеници.
ЧИЕ беше СОБРАНИЕТО тој ден? На граѓаните, кои им го ПОЗАЈМИЛЕ НА НИВНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ?
Не, туку на командантот Талат Џафери, по чија наредба, обезбедувањето, со длабоко извинување, не ни ја отвори вратата на САЛАТА ПОД КУПОЛАТА, оти немало дозвола од претседателот, небаре нејзин сопственик, а НИЕ- ПРАТЕНИЦИТЕ, нејзини потстанари.
Значи, ПОВТОРУВАМ, ВЛАДАТА треба да ДОКАЖЕ дека има МНОЗИНСТВО, за да биде ЛЕГИТИМНА, оти ЛЕГИТИМИТЕТОТ може да и го дадат 61 ПРАТЕНИК, а не командантот на СОБРАНИЕТО, кој по ТРЕТ ПАТ, ДЕЗЕРТИРАШЕ, сега од СОБРАНИЕТО, кое наместо ХРАМ на демократијата, стана СРАМ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА!
Згора, за да нема кворум за почеток на седницата, за прв пат во мандатот на овој пратенички состав, наместо од миленикот Мисовски, г-динот Џафери, во улога на Настрадин Оџа, побара од другиот потпретседател на Собранието, г-динот Зендели, да го замени.
Всушност, го прекрши Деловникот, односно членот 61, став (2), според кој: „ Во случај на СПРЕЧЕНОСТ ИЛИ ОТСУСТВО на претседателот,, го заменува ЕДЕН ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ, според однапред утврден редослед, при што, ќе се води сметка за ПОДЕДНАКВО ВКЛУЧУВАЊЕ на ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ.“.
Претседателот, ниту беше спречен, ниту отустен, туку, отворено НИ ПОРАЧА небаре владин ПОРТПАРОЛ, дека НЕМА НАМЕРА ДА НИ ПРАВИ КВОРУМ! Непознат парламентарен феномен/ПРЕСЕДАН и вокабулар.
КОМПАРАТИВНАТА ПАРЛАМЕНТАРНА пракса открива дека претседателите на парламентите се САМО И СЕКОГАШ ЛУЃЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ, на ПРАТЕНИЦИТЕ, вклучувајќи ја и ОПОЗИЦИЈАТА, се однесуваат НЕУТРАЛНО, заради што, најчесто, не дискутираат, па дури и не гласаат во многу парламенти, како британскиот, освен, ако нивниот глас не е нужен за да се донесе одлука.
Зошто?
За да ја докажат дека се добри учители во НАЈПРЕСТИЖНАТА ШКОЛА НА ДЕМОКРАТИЈАТА- ПАРЛАМЕНТОТ! Не се чудам на ваквото поведение на г-динот Џафери, оти непознат политички феномен е бившо воено лице на ЈНА, па на АРМ, па на ОНА да персонифицира парламентарна демократија!
Невозможна мисија!
Зошто се определи за г-динот Зендели, а не за г-динот Мисовски?
За да ОНЕВОЗМОЖИ кворум за отворање на седницата и дискусија на опозицијата до 12 часот ноќта, оти, неговото присуство или она на Мисовски ќе значеше 60 + 1 = 61 присутен, што ќе овозможеше расправа. Наместо во Собранието, и со пратениците, претседателот се пресели во медиумите.
И….. кога ИЗБРКАНИТЕ од претседателот ПРАТЕНИЦИ од опозицијата, СИ ЗАМИНАА во 21 часот, ТОЈ, пред полноќ, со ВЛАДИНАТА ДРУЖИНА УПАДНА ВО СОБРАНИЕТО, заборавајќи дека СОБРАНИТЕ МИНИСТРИ НЕ СЕ ПРАТЕНИЦИ И НЕ МОЖАТ ДА ГЛУМАТ СОБРАНИЕ. ЗАМИСЛЕТЕ, си седна на ПРЕСТОЛОТ, наспроти КАКО КРПА бледиот премиер и почна да го глуми ОЛИВЕР КРОМВЕЛ, кој бил ПОЧИТУВАН ГЕНЕРАЛ, па пратеник, па ….. ДИКТАТОР, познат по КРОНВЕЛОВАТА ДИКТАТУРА.
Што правеше претседателот во Собранието, кога седницата во 11 часот, НЕ НИ ПОЧНА, што значи, не можеше ни ДА ПРОДОЛЖИ, оти од НИШТО не може да биде НЕШТО!
ШТО ПРАВЕШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ во Собранието, кога немаше кворум од 61 пратеник за да почне нова седница?
Како заклучи дека на Владата НЕ И Е ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА, кога не дојде, по НЕГОВА ВИНА, ниту до ПРЕТРЕС, а камоли ДО ГЛАСАЊЕ. А, можеше, ако беше ЧОВЕК НА СОБРАНИЕТО.
ДИКТАТОРСКИ заклучи дека: заради НЕИЗГЛАСАНАТА ДОВЕРБА, ВЛАДАТА продолжува во полн капацитет да ги врши своите овластувања!
Демек, Владата продолжи да владе по „МИЛОСТ ТАЛАДОВА“! ЗЕЛЕНА демократија, ама има две нијанси на ЗЕЛЕНО. Не верувам дека оваа е европската, оти таа е ПАЦИФИСТИЧКА, не повредува ни БИЛКИ, ни ЖИВОТНИ, а камо ли ЛУЃЕ!
Инаку, нашите умислени „ founding fathers” (татковци – основачи), при (пре)пишувањето на Уставот, ги измешале институтите „ доверба“ и „недоверба“, не правејќи разлика меѓу нив, иако, на секој студент му е јасно дека Владата бара гласање за доверба, а опозицијата „ гласање за недоверба“. Кај нас, и пратениците бараат доверба, а гласаат за недоверба. Уставноправен аматеризам.
НЕ Е ТОЧНО ДЕКА 90 дена не може да се покрене барање за гласање (не)доверба на Владата. Имено, Членот 92, став (5) гласи: „ Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена ОД ПОСЛЕДНОТО ГЛАСАЊЕ за доверба, ОСВЕН АКО ПРАШАЊЕТО ЗА ДОВЕРБА ГО ПОСТАВАТ МНОЗИНСТВОТО ОД ВКУПНИОТ БРОЈ ПРАТЕНИЦИ. Зошто?
Прво, затоа што НЕМАШЕ ГЛАСАЊЕ ЗА НЕДОВЕРБА, оти СЕДНИЦАТА НЕ НИ ПОЧНА.
Второ, ако собере 61 глас, како што впрочем собра на ГЕНЕРАЛНАТА ПРОБА, ОПОЗИЦИЈАТА , ВО СЕКОЈ МОМЕНТ може пак да покрене иницијатива за гласање НЕДОВЕРБА.
Претседателот на Собранието ниту бил, ниту ќе биде ВОЛТЕР, за да има разбирање за другиот, во случајов ОПОЗИЦИЈАТА, без која нема ПАРЛАМЕНТ, ниту ДЕМОКРАТИЈА.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ниту бил , ниту ќе биде ВАЛТЕР, за да го брани СОБРАНИЕТО, како Валтер Сараево, каде што учел воени, а не парламентарни вештини!
Comments are closed for this post.