Во С.Македонија, Румен Радев и Илијана Јотова победија на 5 избирачки места, а Анастас Грерџиков и Невена Митева во две, пишува БНР.
За Радев и Јотова во Штип гласале 10 лица, а за нивните опоненти ниту едно.
Герџиков и Митева победиле на две избирачки места-во Струмица и во Охрид.
Вкупно во Македонија, според конечните резултати, гласале 298 лица од кои 205 гласови добила двојката Радев-Јотова, за 93 конкурентите Герџиков-Митева.
Во вториот круг од претседателските избори е забележана послаба алктивност. отколку во првиот, кога гласале 374 лица.
Итересно е да се напомене дека првиот круг од претседателските избори се одржа истовремено и со парламентарните избори, кога според податоците на бугарската државна изборна комисија во Македонија гласале околу 650 лица со бугарско државјанство. Според овој податок, излегува дека речиси 300 лица повеќе гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори.
Но, која бројка и да се земе предвид, тие се минорни. Зашто, се далеку зад оние со кои бугарската политика манипулира и со домашната и со меѓународната јавност дека во Македонија има 120.000 македонски Бугари.
Во оваа крајно манипулативна бројка лежи и основата за наглиот пресврт во бугарската политика, која од полето на историјата одеднаш се престрои на полето на човековите права и слободи, а основното барање сега е вметнувањето на македонските Бугари во нашиот Устав.
Ваквиот чин, според одредени политички кругови во Македонија, треба да претставува конечно раздвојување на Македонците и Бугарите како два посебни народи. Но, ова површно и, би се рекло, наивно манипулирање со домашната јавност има еден голем недостаток, а тоа е временската рамка од етногенезата на македонскиот народ. Зашто, според лаичкото објаснување, повторно се би се свело на 1944 година од кога, според бугарската официјална политика, преку ноќ настануваат Македонците.
Comments are closed for this post.