Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува” која победи на парламентарните избори во Бугарија e најверојатниот нов бугарски премиер.Тој е поранешен министер кој оформи свое движење со кое ќе се обиде да направи ново парламентарно мнозинство.
Тој важи за умерен политичар, за разлика од конзервативните Борисов, Каракачанов и Трифонов кога се работи по прашањето за Македонија.
Во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и С Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието.
Comments are closed for this post.