Поранешниот министер за финасии и висок партиски функционер во СДСМ Никола Поповски ја коментира изјавата на холандскиот премиер Марк Руте дадена при посетата на Македонија дека ЕУ ја притиска Бугарија и не ја остава да прави што сака.
Реакцијата на Поповски беше објавена на Фејсбук.
Овој господин едноставно не ја зборува вистината, односно сите нас не` л*ж*. Бугарија де факто е оставена да прави што сака. Впрочем и неговата држава најчесто го правеше истото тоа во минатото и не е исклучено пак да го прави. Сетете се на Меркел со своите ветувања пред промената на името на државата, напиша Поповски.
Холандскиот премиер Марк Руте во средата во Скопје изјави дека смета оти Македонија заслужува да ги почне преговорите со Европската унија и изрази надеж дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија.
Многу сме среќни што на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите. За жал сега е проблем Бугарија и мора да го решиме. Сепак се грижиме за овој проблем со цел да почнат преговорите. Ако граѓаните на Македонија мислат дека прашањето со Бугарија го оставаме да виси, дека не сме заинтересирани и дека Бугарија може да прави што сака, тоа не е точно, изјави Руте и додаде дека е претпазлив оптимист во однос на тоа дали Македонија ќе ги почне преговорите во декември.
Comments are closed for this post.