Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во втроник ќе го разгледува предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Информацијата е објавена на веб страницата на Собранието. Седницата е закажана откако судот го извести Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за набавката на мерцедесот.
Комисијата ќе треба да одлучи дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник и ќе даде препорака, а конечниот збор ќе го има Собранието.
За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнзоинство.
Осумтемина пратеници од новата пратеничка група соопштија дека нема да поддржат таква одлука.
Според ова двотретинското мнозинство е тешко достижно.
Comments are closed for this post.