Комитетот за имунизација денеска донесе одлука дека сите кои примиле прва и втора доза од вакцините на кинеските прозиводители „Синофарм“ или „Синовак“ ќе може да примат трета засилувачка доза по три месеци откако ја примиле втората доза, а не шест како што е за другите типови вакцини.
Третата доза, како што е познато е од производителот „Фајзер/Бионтек“. Комитетот за имунизација, на почетокот на месецов ја прошири препораката и наместо за одредени категории на граѓани – над 60 години, здравствени работници и лица со послаб имунитет за кои беше препорачана, трета или засилувачка доза ќе може да добијат и други лица.
Comments are closed for this post.