За четири години, од парламентарните избори до сега СДСМ ги преполови своите гласови. Од парламентарните избори во 2017 па се до овие локални СДСМ е во постојан пад, а според познавачите на состојбите причини има неколку и падот може да продолжи.

Политичкиот  аналитичар Владимир Божиновски анализира дека ова е трет најлош резултат на СДСМ. Згора на тоа, ова се гласови од позиција на власт а тука се и они клиентелистички гласови кои секогаш се приклонуваат кон онаа партија што е на власт.

Ако на изборите настапеа како опозиција ќе паднеа уште полошо.Ако пак се промени парламентарното мнозинство СДСМ може да падне и под 200.000 гласови. На минатите избори СДСМ имаше незначителен број поголем број поради тоа што одеа во коалиција со ДУИ и БЕСА. Да резимирам , тоа никогаш не биле нивни гласови-вели Божиновски за „Пресинг ТВ“.

Гледајќи ја табелата споредено со изборите во 2017 година, гласовите на СДСМ испарија во речиси сите скопски општини.

Во Аеродром од 22.000 паднаа на девет илјади, во Ѓорче Петров од 13.000 на 6.500, во Кисела Вода од седумнаесет на седум илјади , а во бастионот Центар поддршката е намалена за осум илјади. На ниво на Скопје СДСМ има изгубено над 70.000 гласови.

Затоа пак ВМРО-ДППМНЕ е контантен во гласовите а некаде пак има зголемување,како што е случајот со Бутел и Гази Баба.

 

Кога сите овие бројки ќе се собрат  ВМРО-ДПМНЕ има пад од околу 50 илјади гласови споредено со 2017 година, кога имале 335.769 гласа, додека СДСМ бележи намалување од над 180 илјади гласови. Пад од 21 илјада гласа има и БЕСА.

Раст бележи и Левица која на локалните избори освои 50.181 глас, во споредба со парламентарните во 2020 кога имаше 37.426 гласови.