Поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра со затајување данок на имот кога купиле канцеларија во Лондон со купување на офшор компанија која ја поседувала зградата, откри нова афера „Пандора документс“ што ја стресе светската политика.
Блер кој сега има 68 години беше премиер на Велика Британија од 1997 до 2007 година.
Откако не е веќе активен во политиката Тони Блер ништо не прави за џабе. Тој сега има нова кариера и заработува како говорник на разни настани, конференции а често го викаат и влади кои сакаат да се пофалат со негово присуство.Неодмана беше и во Скопје и го испофали премиерот Зоран Заев.
Весникот „Индипендент“ тврди дека 20 минутен говор на Блеер чини 330.000 фунти или преведено во „наши пари“ 386.000 евра. Најевтиното обраќање на Блер чини 100.000 фунти а од говори досега има заработено 20 милиони евра.
Comments are closed for this post.