Цената на природниоот гас во Европа денеска одново го урна рекордот и за прв пат надмина 1.200 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на берзата ICE.

Цената за ноемвриските фјучерси во центарот TTF во Холандија достигна 1.200, 36 долари за 1.000 кубни метри или 99,99 евра за MWh.

Минатата недела цената на гасот во Европа за прв пат во историјата надмина 1.000 долари за 1.000 кубни метри, а потоа и 1.100 долари.

Претседателот на бордот на Газпром, Алексеј Милер, изјави дека сериозното заостанување во пумпањето гас во објекти во Европа и зголемената побарувачка доведоа до рекордно зголемување на цената овој енергенс во Европа, а се очекува таа и натаму да расте.