Министерот Османи во гостувањето на Утрински брифинг, појаснува за овој извештај дека сепак ЕУ е посветена на членство на регионот и ЕУ, и таа опција е без алтернатива.
-Во подготовските на телата на ЕУ за заедничката декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување“ треба да стои во тој документ. Некои го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново, други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот самит, дали е самит на проширување или е самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан. Која варијанта и да е, пораката не е добра, во смисла на унисоноста на ЕУ во односот на Западен Балкан, но не е ништо ново. Има земји членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може уште 6 нови земји членки да дојдат да се зачленуваат, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари, објаснува министерот Османи.
Според него останува пораката дека Западен Балкан еден ден да биде дел од ЕУ и тоа е многу важно.
-Ние тоа го потценуваме зошто од 2003 до денеска, но замислете ЕУ да каже нема понуда за членство на Западен Балкан. Се додека доаѓа фон дер Лајен во Скопје и вели дека недвосмислена е поддршката ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме, докажеме и да ги убедиме дека ние заслужуваме да бидеме таму, бидејќи тоа не ни следува по дифолт, рече Османи.
Comments are closed for this post.