Антонио Јолевски е нов претседател на Советот на јавни обвинители.

Тој беше избран едногласно од членовите на Советот, и согласно законот, функцијата ќе ја извршува во следните две години.

Досега, прв човек на ова тело беше Ацо Колевски.

Биографија на новиот претседател на Советот на јавни обвинители:

Роден на 03.12.1963 година, во Битола.

Гимназија завршил во 1982 во Битола. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во1989 година.

Правосуден испит положил во 1993 година.

Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот.

Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола.

Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола.

Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.