Сведокот Милош Војиновиќ на вчерашното сведочење раскажа нови детали за убиството на Никола Бојовиќ во 2013 година во Белград.
Тој нагласи дека Бојовиќ е убиен поради крвна освета.
Бојовиќ не е убиен за џабе, во прашање е крвна освета.Убиен е поради Бранко Шарановиќ-рече Војиновиќ преку видео линк бидејќи е на издржување на затворска казна во Будва.
Никола Бојовиќ е брат на попознатиот Лука кој важи за неофицијален наследник на Земунскиот клан кој е на издржување на затворска казна во Шпанија поради шверц на кокаин.
Comments are closed for this post.