Иако тоа треба јавноста да го проценува, мојот став е дека во изминативе 28 месеци со Владата не сме имале ниту едно разидување околу стратешките прашања – евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи. Иако во неколку наврати сме имале различни мислења за одредени законски проекти или за случаи на прекршување на правото од носители на високи функции, тоа се нормални работи кога имате кохабитација меѓу демократи. Да бидам уште попрецизен – за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки. Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот, вели за ДВ претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Претседателот Пендаровски можеби има кратко паметење, но само да го потсетиме на неговиот став за масовното вакцинирање на македонските граѓани во соседна Србија и што, според него, претставуваше тоа за македонската држава. Истовремено, каква порака доби од министерот за здравство Венко Филипче.
Comments are closed for this post.